Стоилов од авион на операција, летото ќе го мине во рехабилитација

Капитенот на Вардар и првиот избор за пивотменската позиција во репрезентацијата на Македонија, Стојанче Стоилов веднаш по враќањето од Ескишехир беше подложен на хируршка интервенција и стартуваше со рехабилитацискиот период.

Како што е познато Стоилов имаше проблеми со коленото, но го одложуваше оперирањето поради настапите за Вардар и за репрезентацијата на Македонија. Откако успеа да дојде вторпат до титулата во Келн и да се избори за пласман на уште едно Европско првенство со репрезентацијата тој веднаш замина на операција.

Хируршкиот зафат беше изведен во Скопје, а сè минало во најдобар ред, па сега ќе треба и рехабилитацијата да мине како што се посакува за да може да биде навреме на терен за новата сезона.

Со оглед на тоа што се работи за убедливо најголемиот борец на ракометните терени во моментов сигурно е дека ќе биде уште посилен за настап во новиот шампионат.