Стоилов му порача на Циндриќ: Не ти стои жолта боја (ФОТО)

Играчот со чиј погодок во полуфиналето во 2017 година, Вардар успеа да дојде до победа и да си обезбеди финале во Келн, годинава ќе го носи жолтиот дрес на Келце.

300x250

Лука Циндриќ е веќе поранешен играч на Вардар, но никој во клубот го нема заборавено. Ниту тој нема заборавено како беше кога играше за Вардар и носеше „црвено-црно“. Тој со својот тим го освои Шипиорно купот, а беше прогласен за најдобар играч на турнирот.

Хрватот на својот инстаграм профил се пофали со наградата, а коментар доби од неговиот поранешен соиграч и капитен Стојанче Стоилов, кој напиша, „Не ти стои жолто“. На тоа Циндриќ одговори, „Викаш… ’црвено-црно’ секогаш во срцето“.

Лука Циндриќ новата средба со Вардар ќе ја има на 14 октомври, кога „црвено-црните“ ќе гостуваат во Полска, додека Хрватот ќе се појави во Скопје на 1 декември.

Фото: Инстаграм