Стоилов: Кога сме веќе во Келн да се обидеме да го освоиме трофејот

Вардарци на почетокот на јуни ќе ја имаат најтешката задача оваа сезона, во полуфиналето од Лигата на шампионите „црвено-црните“ преку Барселона ќе се обидат да дојдат до скапоцениот пехар. Капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов истакна дека сите екипи заминуваат за Германија со подеднакви шанси, а нијансите одлучуваат за победникот.

Стојанче Стоилов, капитен на Вардар:

Сите четири екипи имаат скоро подеднакви шанси. Јас лично не сакав да се падне единствено ПСЖ, а ако веќе играме против нив да играме во финале. Ја добивме Барселона за противник, ги познаваме многу добро играчите, имаат добар тренер и квалитетни ракометари. Мораме да се добро да се подготвиме психички и физички, па кога сме веќе таму да се обидеме да го освоиме трофејот.