Стоилов за 24 Ракомет ТВ: Многумина нè отпишаа, но така само нè мотивираа (ВИДЕО)

Капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов се врати на терените и против Рајн Некар го одигра првиот натпревар сезонава во Лигата на шампионите. Тој помогна многу и во напад и во одбрана, па имаше свој придонес во новата победа на „црвено-црните“.

Тој е задоволен што веќеимаат четири победи после првите четири средби и објасни откаде е толку големиот мотив кај ракометарите.

„Убаво е да се биде назад и да се тренира со колегите исто така и да се игра пред оваа публика. Доста не отпишаа пред почетокот, но не ги обвинувам. Си заминаа неколку играчи и тренерот и мислам дека тоа е нормално. Сепак, со самото тоа не мотивираа уште повеќе. Играме искусно и паметно, а и се штедиме кога треба“, коментираше Стојанче Стоилов за 24 Ракомет ТВ.

Комплетната изјава на Стоилов можете да ја проследите во видеото во продолжение, каде ќе слушнете и како капитенот гледа на работата со новиот тренер.