Стоилов за 24Ракомет ТВ: Каков Магдебург, останувам во Вардар! (ВИДЕО)

Вардар го победи Монпелје со 33-29 и ја заврши групната фаза во Лигата на шампионите на третото место. Противникот во осминафиналето ќе биде официјално познат денеска, а во опција се Загреб или Мотор Запорожје.

Капитенот Стојанче Стоилов вели дека не е толку важно, кој ќе биде ривалот во следната фаза, а исто така потврди дека ќе остане во Вардар и следната сезона.

„Сите други знаат, само јас не знам за некаков трансфер во Магдебург. Останувам во Вардар“, вели Стоилов.

Целосната изјава погледнете ја во видео прилогот….