Стоилов: Дојдовме тука без ветувања, но веќе сме во главна фаза

Македонија е веќе во следната фаза на Европското првенство, по двете победи над Словенија и Црна Гора. Еден од репрезентативците кои истрпеа најмногу удари од противниците е пикерот Столе Стоилов, кој вели дека е подготвен за борба и со Германците.

„Дојдовме овде без ветувања без ништо, одиме чекор по чекор. Одигравме тежок дуел со Словенија, го добивме, исто против Црна гора беше тешко, но и тој го добивме. Играме со шампионатот следно коло, Германија е апсолутен фаворит и ќе биде исто така многу тешко. Одбраната ни е главно оружје, ако ни се отвори шанса ќе се обидеме да изненадеме. Словенците играа грубо, но исто така ќе играат и Германците. Немам одамна играно против Германци, но се надевам можеме да ги победиме.“ – вели Стоилов.

Натпреварот меѓу Германија и Македонија се игра утре во „Арена Загреб“ со почеток во 18:15 часот, доколку победиме одиме со максимален број бодови во следната фаза.