Стоилов: Данците не наттрчаа вечерва

Стојанче Стоилов исто како и на целото ЕП одигра одличен натпревар и вечерва против Данска. Пикерот исто како и останатите репрезенативци е незадоволен од големите падови во играта на нашата репрезентација.

“Не сум задоволен од играта денеска. Играме одлично прво полувреме, второто губимe дваесет разлика.Не разбирам каде паѓаме. Младите се супер, тие немаат никаква одговорност, треба само да продолжат успешно да работат и да бидат главни на некое следно големо натпреварување”.

Стоилов анализира што се случи, и зошто толкав пад во вториот дел.

“Па во второто полувреме не наттрчаа. Имавме далечна измена и тешко е да трчаш со Данците. Во прво полувреме имавме лесни измени и се држевме некако, во второто полувреме не наттрчаа. Бевме многу уморни по вчерашниот доста психолошки тежок натпревар. Вчера да победевме може и денес ќе победевме. Стварно, екипата добро се чуствуваше, има добра атмосфера во екипата, младите се на добар пат, голманите беа супер на првенствово. Тоа е, во тие мали ситници е разликата”- заврши репрезентативниот пикер.