Стоилов: Ако ги користиме зицерите – можеме и против Исланд и против Шпанија

Македонија го доживеа првиот пораз на Мундијалот во Германија и Данска, откако загуби од Хрватска со 31-22 во третото коло. Избраниците на Раул Гонзалес

„Имавме шанси на овој натпревар, само промашивме премногу зицери. Мислам околу 10 зицери, ако не и повеќе. Имавме и технички грешки, но овој резултат не е реална слика. Можеме и против Исланд и против Шпанија, но само треба да ги користиме шансите. Премногу чисти шанси промашивме, само поради тоа е ваков резултатот“, вели Стоилов.

Следниот натпревар против Шпанија се игра од 20:30 часот на 16 јануари, додека на 17 јануари ќе биде решавачката пресметка против Исланд.