Стигна официјална потврда од Унгарија: Канељас е нов ракометар на Пик Сегед (ФОТО)

Ракометниот клуб Пик Сегед стави крај на шпекулациите за ангажманот на вардаровиот ракометар Жоан Канељас.

300x250

Унгарците денеска и официјално објавија дека од следната сезона Канељас ќе го носи дресот на унгарскиот вицепрвак.

Канељас потпиша двегодишен договор до 2020 година, а во Унгарија пристигнува од Вардар каде освои буквално се што можеше да се освои.

 

Сегед ќе биде осма дестинација во кариерата на шпанецот кој претходно настапуваше за екипите на Гранолерс, Барселона, Сиудад Реал, Атлетико Мадрид, Хамбург, Кил и Вардар.

За репрезентацијата на Шпанија настапува од 2004 година до денес, а во дресот на “фуријата” ги има најголемите одличја на светските и европските првенства.