Стевановиќ: Воопшто нема да биде лесно против Македонија, имаат два незгодни пивотмени…

Хрватска исто како и Македонија настапот на Мундијалот во Германија и Данска го започна со две победи. Пред налетите на избраниците на Лино Червар паднаа Исланд и Јапонија, а денеска ги очекува пресметката против нашата репрезентација. Голманот Иван Стевановиќ ги испофали Лазаров и нашите кружни напаѓачи.

„Важно е дека не се преморивме на натпреварот со Јапонија. Не беше лесно бидејќи се многу брзи и секогаш се во шанса. Иако одигравме добра одбрана, сепак ни дадоа 27 голови. Македонија е многу добра екипа, го имаат Кире Лазаров, имаат два незгодни кружни напаѓачи и нема да ни биде воопшто лесно“, вели Стевановиќ.

Средбата меѓу Македонија и Хрватска се игра денеска во „Олимпијахале“ во Минхен со почеток во 18:00 часот.