Сташ Скубе: Циндриќ е најдобриот среден бек во светот (ВИДЕО)

Засилувањето на Вардар за позицијата среден бек, Сташ Скубе се појави на собирот на Вардар и тој стартува со подготовките за новата сезона. Словенецот ќе биде организатор на играта на „црвено-црните“ и играч кој ќе треба да го замени Лука Циндриќ, а тоа ќе биде сериозна задача.

300x250

„Пресреќен сум во Скопје. Сите многу добро знаеме како играше Лука Циндриќ и што направи тој за Вардар. Според мене тој е најдобриот среден бек во моментов во светот и играч кој беше лидер на Вардар. Ќе биде навистина тешко да го заменам, но јас сакам да покажам дека Вардар направи добар избор со мене, но и да му покажам на Пик Сегед дека погреши кога дозволи да си заминам“, изјави Сташ Скубе пред првиот тренинг на Вардар.

Комплетната изјава на Скубе можете да ја погледнете во продолжение.