Сташ Скубе: Нашата одбрана беше одлична против Монпелје, а Милосављев феноменален

На средбата на која сите го покажаа својот максимум и дадоа огромен придонес во победата над Монпелје, Сташ Скубе покажа зошто е ангажиран од Вардар. Имаше неколку одлични додавања, но направи и големи проблеми со своите лесни поминувања до 6 метри.

300x250

Скубе реализаираше петпати во победата од 27:24 против Монпелје и беше меѓу поефикасните ракометари во тимот на Вардар така што имаше голем придонес во победата на овој дуел.

„Нашата одбрана денеска заврши одлична работа. Едноставно успеавме да се одбраниме одлично и да завршиме голем дел од работата потпомогнати од Милосављев. Тој имаше феноменална партија и одбрани неколку зицери. Не беше воопшто лесно. Игравме против актуелниот првак на негов терен, а имаме многу нови ракометари кои допрва ќе треба да ја креваат формата“, коментираше организаторот на играта на Вардар, Скубе.

Тој денеска се покажа во одлично светло и заедно со Борозан, но и со Карачиќ како соиграчи на лев бек, а одлично соработуваше и со Кристопанс и со Кисељев. Едноставно докажа дека веќе се адаптирал на стилот на играта на Парондо и сега може само да биде уште подобар.