Старт на израелска авантура: Дарко Димитриевски потпиша за Хапоел Ашдод

Централниот бек на Металург Дарко Димитриевски, повеќе не е член на тимот од Автокоманда. Тој се враќа на интернационална сцена, откако велешанецот потпиша договор со израелскиот тим Хапоел Ашдод.

Димитриевски се врати во Металург на почетокот на оваа сезона, но приказната беше слична во поглед на минутажата како и првиот пат. Тој и пред две сезони потпиша за Металург, но не беше задоволен од минутажата и сe врати во матичниот клуб Борец по само неколку недели.

Димитриевски кој потекнува од Борец, е поранешен член на МРК Вардар, Куманово, Катар Спорт Клуб, Пуерто Сагунто, Адермар Леон, и на унгарскиот Чурго, а по настапите за Металург во СЕХА и во Лигата на шампионите, заминува надвор од Македонија.