Стартува женската ЛШ: Екс-вардарките ја отвораат новата сезона

Четири од ракометарките кои до мината година го носеа дресот на Вардар денеска со својот нов тим играат во првиот меч од сезоната во групната фаза од Лигата на шампионите.

Андреа Лекиќ, Јованка Радичевиќ, Барбара Лазовиќ и Драгана Цвијиќ се четирите ракометари кои денеска со ЦСМ Букурешт играат во првиот меч од новата сезона, а за противник ја имаат екипата на ФТЦ Раил Карго од Унгарија.

Овој дуел е единствениот кој ќе се одигра денеска. Натпреварот е од 17:30 часот, а другите се играат за време на викендот.

Годинава првпат после неколку години по ред Лигата на шампионите е без тим од Македонија, а тоа значи дека после пет учества на Ф4 турнирот ќе го нема Вардар. Ова ќе биде сезона во која женскиот ракомет ќе биде во втор план бидејќи ги нема вардар, но во секој случај одново на картата се тимовите кои и до лани водеа главен збор.

Повторно Ѓер е екипата од која сите ќе очекуваат да тргне во налет по добар резултат и одбрана на круната, додека ЦСМ Букурешт со составот во кој е сега е еден од кандидатите за трофејот.

Оттаму ова ќе биде долга и успешна сезона, а екс-вардарките ќе се обидат да го надоместат она што го пропуштија кога играат за Вардар.

Инаку, поранешни ракометарки на Вардар сезонава ќе има и во Ростов Дон (Полина Кузнецова), Ѓер (Амандин Лејно), Турингер (Јована Саздовска) и Крим Меркатор (Сара Ристовска).

ЛИГА НА ШАМПИОНИ – ЖЕНИ

ДВОЈКИ ЗА 1. КОЛО

ГРУПА А

САБОТА, 06.10.2018

19:00ч

БУДУЌНОСТ – ОДЕНЗЕ

НЕДЕЛА, 07.10.2018

15:00ч

МЕЦ – ЛАРВИК

ГРУПА Б

САБОТА, 06.10.2018

11:30ч

РОСТОВ ДОН – САВЕХОФ

13:45ч

КОПЕНХАГЕН – БРЕСТ

ГРУПА Ц

САБОТА, 06.10.2018

19:30ч

ЃЕР – КРИМ МЕРКАТОР

НЕДЕЛА, 07.10.2018

14:00ч

ТУРИНГЕР – ПОДРАВКА

ГРУПА Д

ПЕТОК, 05.10.2018

17:30ч

ЦСМ БУКУРЕШТ – ФТЦ РАИЛ КАРГО

САБОТА, 06.10.2018

18:15ч

КРИСТИЈАНСАНД – БИТИГХАЈМ.