Стартува ЕХФ-шампионатот во Грузија: Македонија во десетдневна битка за нов успех

Од денеска почнуваат битките на ЕХФ-шампионатот во Грузија во кадетска конкуренција каде Македонија ќе тргне во поход по резултат со кој ќе може да го повтори успехот од Скопје.

Македонија е во група со Швајцарија, Естонија, Фарски острови, Луксембург и Литванија, а својот прв меч го игра од 13 часот по македонско време (15 по локално) против Литванците.

Секој ден ќе има по пет средби, а Македонија е во групата со шест репрезентации. Програмата ќе стартува во 9 часот и редовно први на теренот ќе бидат репрезентациите од групата А.

ЕХФ-ШАМПИОНАТ (ГРУЗИЈА)

РАСПОРЕД ЗА 1. КОЛО

ГРУПА А

09:00ч

ШВАЈЦАРИЈА – ЕСТОНИЈА

11:00ч

ФАРСКИ ОСТРОВИ – ЛУКСЕМБУРГ

13:00ч

МАКЕДОНИЈА – ЛИТВАНИЈА

ГРУПА Б

15:30ч

ФИНСКА – ГРУЗИЈА

17:30ч

БЕЛОРУСИЈА – ГРЦИЈА