Стартува двојниот двобој меѓу Македонија и Црна Гора

Во салата во Автокоманда, денеска ќе има двојна програма, односно два натпревари меѓу селекциите на Македонија и Црна Гора.

Најпрво од 15:00 часот избраничките на Јулијана Дамчевска, во рамките на подготовките за ЕХФ шампионатот во Литванија, ќе одиграат пријателски натпревар против соодветната селекција на Црна Гора.

Потоа во 17:00 часот ќе се сретнат сениорските репрезентации на овие две земји. Гостинките од Црна Гора ќе бидат ослабени за неиграњето на Марина Рајчиќ, Мајда Мехмедовиќ, Катарина Булатовиќ, Анџела Булатовиќ и Јованка Радичевиќ.

Избраничките на Симе Симовски ќе ги искористат овие натпревари како дел од подготовките за бараж двомечот против Словенија на почетокот на јуни, кој носи пласман на Мундијалот во Јапонија кон крајот на годинава.