Стартуваат битките во Скопје: Македонија брка финале и прво место на ЕХФ-шампионатот

Денеска во Скопје и во Подгорица стартуваат битките од ЕХФ-шампионатот, а во двата града репрезентациите ќе се борат за првите места за да можат да се изборат за пласман во најсилното друштво.

Македонија и Црна Гора како домаќини влегуваат со големи амбиции, а за нас е интересно она што ќе се случува во салата во СЦ „Борис Трајковски“ од денеска до 29 јули кога е закажано финалето.

Момците кои се дел од составот се одлично мотивирани, а денеска ќе бидат познати и оние 16 кои ќе влезат во битката за пласман во ранг повисоко. Шансите се одлични, но ќе треба да се користат во следните денови и ќе треба да се обезбеди најдоброто на теренот.

Вечерва првиот дуел е против Велика Британија и сите очекувања се да се влезе во овој турнир со победа.

ЕХФ-ШАМПИОНАТ

НАТПРЕВАРИ ОД 1. КОЛО

ГРУПА А

12:00ч

БЕЛОРУСИЈА – ГРЦИЈА

14:00ч

ФАРСКИ ОСТРОВИ – ЛИТВАНИЈА

16:00ч

ФИНСКА – ЕСТОНИЈА

ГРУПА Б

18:00ч

ШВАЈЦАРИЈА – УКРАИНА

20:00ч

МАКЕДОНИЈА – ВЕЛИКА БРИТАНИЈА