Стариот лисец не мисли на пензија: Касим Каменица ја презема Вогошча

Искусниот ракометен стручњак Касим Каменица не помислува на пензија. Иако на стартот на сезоната се поврзуваше со многу екипи, меѓу кои и една македонска, сепак тој останува во татковината ќе го предводи босанскиот вицепрвак Вогошча Хилс.

Каменица на клупата на Вогошча ќе го замени Данијел Риѓиќ, а неговата официјална промоција ќе се одржи во текот на следните денови.

Во минатото Каменица ги водеше Загреб, Војводина, Пелистер, Целје, Пруле, Ловќен, Нексе, Загноспор, Вардар, Кометал ЃП, Босна, Партизан, Борац, а беше селектор на Словенија, Босна и Херцеговина и Црна Гора.