Српскиот ракометен бисер пред трансфер во Франција

Еден од најголемите српски ракометни надежи, актуелниот член на Војводина, Милан Јовановиќ(20) е пред потпис со екипата на Тулуз.

Српскиот лев бек е голема надеж на светскиот ракомет, па тренерот на Тулуз, Филип Гарден го посакува во своите редови. Остануваат да се прецизираат уште неколку административни детали, па Јовановиќ од лето да го облече дресот на францускиот состав.

Јовановиќ со само 19 години го имаше своето деби и воедно беше најмладиот ракометар кој настапи на последното ЕП во Хрватска. На 18 години доби шанса за настап во на квалификациските рунди на Лигата на шампионите каде постигна 26 голови на десет натпревари.