Српската голманка заминува од Данска: Јована Рисовиќ на лето го напушта Рандерс

Една од најдобрите српски голманки во моментов, Јована Рисовиќ, по само една сезона ќе се раздели данскиот тим Рандерс. Управата на Рандерс реши во тимот да има скандинавски пар на голот, па Рисовиќ ќе си бара нова средина.

Каде ќе ја продолжи својата кариера некогашната членка на шампионската екипа на српскиот тим Раднички Крагуевац, се уште не е познато, иако со оглед на нејзините квалитети, нема да и биде тешко да пронајде нов клуб.