Среќен роденден Марко!

Репрезентативецот на Македонија во кадетска конкуренција, Марко Божиновски денеска слави роденден. Ракометарот кој е дел од екипата на Бутел Скопје полни 19 години.

Соиграчот на Дејан Манасков во Веспрем и еден од подобрите ракометари од Словенија, Борут Мацковшек денеска слави роденден. Мацковшек ќе наполни 27 години.

Роденден има и Данецот од Бјерингбро, Јакоб Ларсен. Тој е помлад од Мацковшек, а денеска полни 24 години.

Уште помлад е Португалецот Луис Фраде. Тој со Спортинг в недела ќе гостува во Битола каде што ќе биде одигран натпреварот од 1. коло на кој домаќин е екипата на Еурофарм Работник. Фраде полни 21 година.

Среќен роденден Марко, Борут, Јакоб и Фраде!