Среќен роденден Мирко!

Судијата Мирко Трајковски, кој вчера беше дел од натпреварот меѓу Металург 2 и Металург на отворањето на сезоната денеска слави роденден. Трајковски веќе неколку сезони редовно е дел од натпреварите од Супер лигата, но и од другите лиги. Денеска полни 43 години.

На списокот на славеници се наоѓаат неколку ракометари кои доаѓаат од другите земји. Тука најпознато име е играчот на Монпелје и репрезентативец на Франција, Валентин Порт. Тој денека полни 29 години.

Норвежанецот кој ги брани боите на Елверум, Јеспер Гуликсен го слави својот 20. роденден.

Холанѓанецот Мат Булт, пак, е највозрасен на денешниот список, а тој го слави 37. роденден.

И Кубанецот Франкис Карол Марцо е меѓу славениците. Денеска полни 32 години.

Среќен роденден Мирко, Валентин, Јеспер, Мат и Карол!