Среќен роденден Драган!

Поранешниот селектор на Македонија и тренер на Вардар, Драган Ѓукиќ денеска слави роденден. Тој во моментов работи во репрезентацијата на Грузија, а претходно беше дел од женскиот тим на ЧСМ Букурешт. Работеше и како селектор на Израел, Црна Гора, Велика Британија… Ѓукиќ денеска полни 57 години.

Меѓу другите славениците денеска се наоѓаат и четворица ракометари кои не се од  Македонија.

Јепе Гаде Нилсен од Данска, кој играше за Бјерингбро денеска полни 19 години.

Својот 25. роденден го слави Норвежанецот од Кристијанштад, Стиг Торе Моен Нилсен.

Швеѓанецот кој е негов клупски колега, Јоханес Ларсо, пак, ќе наполни 28 години.

Хрватот кој играше за Татран Прешов, Марио Цвитковиќ, денеска полни 25 години.

Среќен роденден Драган, Јепе, Стиг, Јоханес и Марио!