Среќен роденден!

Долгиот список на славеници на родендени го предводи ракометарот кој сезонава беше дел од Македонија Ѓорче Петров, а таму дојде од Вардар јуниор. Се работи за Антонио Николовски, кој денеска полни 21 година.

Роденден има и играчот на Чеховски медведи, Русинот Дмитри Корнев кој го слави 27. роденден.

Уште еден ракометар од Русија кој игра за истиот тим денеска има роденден, а се работи за Сергеј Марк Косоротов. Тој денеска ќе наполни 20. години.

И еден од најдобрите ракометари од Унгарија, кој игра за тимот на Веспрем, Мате Лекаи е меѓу славениците. Лекаи го прославува својот 31. роденден.

Ракометарката од Данска, која играше за Савехоф, Кристина Елм, пак, денеска ќе наполни 24 години.

Норвежанката Каролине Олсен која игра за Кристијансанд, пак, денеска ќе полни 21. година.

И Тена Петика од Хрватска и тимот на Подравка е на списокот. Таа е најмлада од денешните славеници. Полни 19 години.

Среќен роденден Антонио, Дмитри, Сергеј, Мате, Кристина, Каролине и Тена.