Среќен роденден!

Меѓу славениците денеска има ракометари и ракометарки од домашното првенство, но и од други шампионати.

На списокот е младата ракометарка на Вардар, Сара Миновска. Таа денеска полни 17 години.

Тука е и ракометаот од Црна Гора, кој го носи дресот на Радовиш, Божидар Симиќ. Тој го прославува својот 22. роденден.

Ветеранот од Србија, Далибор Чутура, кој сезонава беше член на Констанца полни 44 години и најверојатно тоа беше неговата последна играчка сезона во кариерата.

Ракометарот од Хрватска, кој настапува за Целје, Кристијан Бечири полни 25 години.

Полјакот кој игра за Мотор Запорожје, Павел Пачковски, пак, ќе наполни 26 години, додека Швеѓанецот од Кристијанштад Филип Хенингсон 24 години.

Среќен роденден Сара, Божидар, Далибор, Кристијан, Павел и Филип!