Среќен роденден Халил!

Ракометарот кој беше еден од најдобрите стрелци во дресот на Металург, а во текот на минатата сезона се пресели во Нексе, Халил Јагањац денеска има роденден. Репрезентативецот на Хрватска полни 21 година.

Роденден слави и екс-ракометарот на Вардар и Металург, Александар Стојановиќ. Македонскиот зет денеска ќе го прослави својот 36. роденден.

И Швајцарецот Јонас Далер кој играше за Вакер Тун во минатата сезона е еден од славениците, а тој ќе наполни точно 30 години.

Словакот Лукаш Урбан, кој е клупски колега на Никола Костески во Татран Прешов, пак, е неколку години помлад. Тој денеска ќе го прослави својот 24. роденден.

И клупски колега на Филип Талески од Рајн Некар слави роденден, а тој полни 20 години. Се работи за Германецот Лука Браун.

Анета Удристоју, Романка која игра во ЧСМ Букурешт, пак, денеска ќе наполни 30 години.

Исто така 30 години полни и репрезентативката на Чешка, која го носи дресот на Ѓер, Јана Кнедликова.

Среќен роденден Халил, Александар, Јонас, Лукаш, Лука, Анета и Јана!