Среќен роденден Стефан!

Најмладиот ракометар на Металург кој сезонава играше и во Лигата на шампионите и во СЕХА-лигата, Стефан Додиќ денеска слави роденден и полни 16 години. Се работи за еден од најголемите таленти, кој е веќе неколку години во Металург, а е член на пионерската репрезентација на Србија. Покрај тоа што игра за првиот тим на Металург, тој е дел и од втората екипа.

Роденден слави и најдобрата ракометарка од последниот Мундијал, Ана Вјахирева. Русинката која игра за Ростов Дон и во моментов е повредена денеска полни 24 години.

Својот 26 роденден денеска ќе го прослави Рихард Бодо од Пик Сегед. Се работи за играч кој е и репрезентативец на Унгарија.

Среќен роденден Стефан, Ана и Рихард!