Среќен роденден Стефан и Наум!

Ракометарот кој е дел од екипата на Вардар, а настапува за Вардар јуниор, Стефан Атанасовски денеска слави роденден. Тој беше пивот во младинската селекција на Македонија која минатото лето го освои ЕХФ-шампионатот во Скопје. Атанасовски денеска полни 20 години.

Роденден има и Наум Танески од Струга. Актуелниот помошник во репрезентацијата на песок, работи и во стручниот штаб на Илија Темелковски во тимот на Струга. Тој денеска полни 43 години.

Среќен роденден Стефан и Наум!