Среќен роденден Симона!

Оваа недела е дефинитивно одлична за славење на родендени во репрезентацијата на Македонија. После вчерашниот роденден на Марија Штериова, денеска роденден слави и Симона Стојановска.

Ракометарката на Наиса од Ниш денеска ќе наполни 22 години. Инаку и таа е на подготовки со репрезентацијата, а в петок и в сабота ќе игра на контролните средби против Црна Гора.

Другите славеници денеска се ракометари и ракмометарки од другите земји.

Ракометарот од Турција, Онур Ерсин, кој го носи дресот на екипата на Бешикташ денеска ќе го прослави својот 27. роденден.

Едуард Кемпф е играч на ПСЖ. Французинот полни 21 година.

Германецот Лукаш Вихман, кој го носи дресот на Рајн Некар ќе има можност да прослави роденден на дуелот против Нант во Лигата на шампиоинте.

Норвежанката која игра за Кристијансанд, Катрин Ваде исто така ќе има ден за славење, а полни 25 години.

Среќен роденден Симона, Онур, Едуард, Лукаш и Катрин!