Среќен роденден Сара и Стефан!

Репрезентативката на Македонија која од оваа сезона игра во шампионатот на Русија, Сара Ристовска денеска слави роденден. Сара зад себе веќе има доста добра кариера полна со голем број на квалитетни натпревари, но и настапи на Ф4 турнирите во Будимпешта. Денеска ќе наполни 23 години.

И ракометарот на Пелистер, кој во својата кариера го носеше и дресот на Металург и на Еурофарм Работник, Стефан Дрогришки е меѓу славениците. Тој ќе наполни 25 години.

Роденден слави и поранешниот ракометар на Загреб и репрезентативец на Хрватска, Тин Контрец. Тојсега настапува за Гумерзбах. Денеска ќе наполни 30 години.

Французинот кој го носи дресот на Нант, Едсон Имаре е помлад од него. Ќе го прослави 21. роденден.

И Русинот Витали Шицко кој го „чува голот“ на Кокс од Финска е на оаа листа. Тој денеска ќе наполни 32 години.

Данецот од Скјерн, Бенјамин Јакобсен, пак го прославува 28 роденден.

Среќен роденден Сара, Стефан, Тин, Едсон, Витали и Бенјамин!