Среќен роденден Пепи!

Легендата на македонскиот ракомет и најдобриот играч за 20. век во Македонија, Пепи Манасков денеска го прославува својот роденден. Пепи остави голем белег не само во Македонија туку и во Франција, Германија, Словенија и Грција. Кариерата ја почна во 1983 година во Пелистер, а го носеше дресот и на Вардар и на Борец на домашна сцена. Денеска ќе наполни 55 години.

Роденден има и десниот бек на Металург, кој е и репрезентативец на Македонија, Томислав Јагуриновски. Тој денеска ќе го прослави својот 21. роденден.

И младата ракометарка на Куманово, Сара Цветановска е меѓу славениците. Таа полни 17 години.

Среќен роденден Пепи, Томи и Сара!