Среќен роденден Наумче!

Еден од Ракометарите кои оставија голем белег во историјата на македонскиот ракомет и беше дел од најголемите успеси, Наумче Мојсовски денеска слави роденден. Актуелниот претседател на Струга денеска полни 39 години. Тој пред три години одлучи да се повлече од играњето, а со неговиот гол Македонија ја елимиинраше селекцијата на Чешка во баражот за СП 2017.

Роденден има и Тања Андрејева. Голманката која долго беше на голот на репрезентацијата на Македонија, а бранеше и за неколку екипи во домашното првенство во моментов работи како тренер во тимот на Аеродром. Покрај тоа е и помошник на Симе Симовски во женската сениорска репрезентација. Денеска го слави својот 41 роденден.

И Русинот Виктор Фурцев од Чеховски медведи има роденден, а тој полни 23 години..

Данецот Тимер-Јенсен Расмус кој е дел од тимот на Бјерингбро, ќе го прослави својот 30. роденден.

Швеѓанката од Савехоф, Оливија Мелгард, пак, денеска ќе наполни 23 години.

Русинката Галина Мехдиева игра за Ростов Дон, а таа денеска полни 34 години.

И колешката на Јована Саздовска од Турингер, Германката Алисија Штоле е меѓу славеничките, а денеска го прославува својот 23 роденден.

Среќен роденден Наумче, Тања, Виктор, Тимер, Оливија, Галина и Алисија!