Среќен роденден Милена!

И денеска има краток список на ракометари и ракометарки кои слават роденден. Нема играчи од домашна сцена, па затоа листата ја предводи ракометарката од Црна Гора, која е дел од Будуќност, Милена Раичевиќ. Таа денеска полни 29 години.

Тука е и Марте Сирен Фигеншау. Норвежанката која игра за Ларвик денеска ќе го прослави својот 19. роденден.

Александер Митровиќ од Елверум исто така е меѓу славениците. Норвежанецот денеска ќе наполни 21 година.

Среќен роденден Милена, Марте и Александер!