Среќен роденден Милан, Стефан…

На 9 февруари има поголем број на ракометари и ракометарки кои слават родендени така што ова ќе биде ден за неколку прослави.

Ракометарот на Металург и член на сениорската селекција од последниот Мундијал, Милан Лазаревски денеска ќе наполни 22 години.

Стефан Талески ќе има можност роденденот да го прослави со настап против бундеслигашот Хановер во Купот на ЕХФ. Тој денеска полни 26 години.

Роденден има и Унгарецот Бенце Банхиди од Пик Сегед, а тој полни 24 години.

Својот 25 роденден денеска го слави Мари Провенсие од Франција, која ги брани боите на тимот на Брест, додека 20 години ќе наполни Ела Рејстад од Норвешка. Таа игра за тимот на Кристијансанд.

Среќен роденден Милан, Стефан, Бенце, Мари и Ела!