Среќен роденден Методија и Михајло!

На 10 февруари роденден слават судии близнаци од Битола и една ракометарка од Франција.

Методија и Михајло Илиевски денеска полнат 32 години. Тие се судии кои ја делат правдата во Супер лигата. Покрај тоа Методија е и поранешен репрезентативец на Македонија. Во 2007 година беше дел од репрезентацијата на Македонија која настапи на Светското првенство. Илиевски настапуваше на позицијата лево крило.

Французинката Амандин Лагату, пак, полни 20 години. Таа е ракометарка која настапува во редовите на Брест.

Среќен роденден Методија, Михајло и Амандин!