Среќен роденден Мартин!

Голманот кој веќе е дел од сениорската репрезентација на Македонија и кој наскоро ќе дебитира во Бундес лигата, Мартин Томовски денеска има роденден. Поранешниот чувар на мрежата на Металург од следната сезона ќе настапува во редовите на Лудвигсхафен. Тој денеска полни 22 години.

Роденден има и еден од најдобрите ракометари на Турција. Репрезентативецот на оваа земја и член на Бешикташ, Рамазан Доне денеска ќе наполни 38 години.

Норвежанецот Хакон Екрем кој игра за Елверум, пак, го прославува 25. роденден.

Французинот Николас Клер кој е клупски колега на Кирил Лазаров во Нант, полни 32 години.

Еден од најдобрите голмани во светот, кој е колега на Талески во Рајн Некар, Швеѓанецот Андреас Паличка денеска го прославува 33 роденден.

Причина за славје има и Ондреј Здрахала од Чешка. Ракометарот на Висла полни 36 години.

Норвежанката од Ѓер, Вероника Кристијансен денеска ќе го има својот 29 роденден, додека нејзината колешка од најдобриот тим во Европа во моментов во женска конкуренција, Унгарката Ева Киш полни 32 години.

Среќен роденден Мартин, Рамазан, Хакон, Николас, Андреас, Ондреј, Вероника и Ева!