Среќен роденден Лина!

Поранешната репрезентативка на Македонија, а сега дел од тренерите, Веселинка Треноска веќе неколку години е надвор од активното играње. Таа во последните години работи како тренер, а во новата сезона ќе биде на клупата на новиот тим Кале Скопје. Треноска денеска ќе наполни 34 години.

Роденден има и уште еден поранешен репрезентативец на Македонија. Ристо Арнаудовски, кој во својата кариера играше и за Загреб го прославува 38. роденден.

Романецот Лусијан Василе Дан, кој во минатата сезона ги бранеше боите на Констанца денеска полни 22 години.

Ингвилд Бакеруд од Норвешка, која играше за тимот на Одензе исто така е меѓу славениците, а го прославува 24. роденден.

Денеска ќе биде интересно и кај ракометарките на Мец. Ќе беше поинаку доколку сезоната беше активна, но вака ќе слават на различни места. Дури три ракометарки од овој тим имаа роденден. Од нив две се Французинки, а една Швајцарка. Гносијане Ниомбла полни 29, Адтриде Н’Гуан 28, а Дафне Гаучи 19 години.

Роденден има и колешката на Саздовска од Турингер, Германката Нина Шилк. Таа го прославува 30. роденден.

Среќен роденден Веселинка, Ристо, Лусијан, Ингвилд, Гносијане, Адтриде, Дафне и Нина!