Среќен роденден Ласко!

Ракометарот кој во последните неколку сезони е главниот играч во огранизирањето на играта на Пролет, Ласко Андоновски денеска слави роденден. Андоновски, кој во последните години е редовно и меѓу најефикасните денеска ќе наполни 28 години.

И ракометарот на Еурофарм Работник од Црна Гора исто така прославува роденден. Мирко Радовиќ кој игра и на позицијата десен бек и на десно крило го прославува 29. роденден.

На списокот на славеници е и Словенецот од редовите на Целје, Јака Малус. Тој денеска полни 23 години.

Среќен роденден Ласко, Мирко и Јака!