Среќен роденден Иван и Александар!

Двајца ракометари кои пред две години играа во ист дрес, а сега се во редовите на големите ривали Охрид и Струга денеска имаат роденден.

Пивотот на Охрид, Иван Тасески денеска ќе го прослави својот 26. роденден.

Голманот на Струга, кој беше дел и од репрезентацијата во ракомет на песок на Европското првенство во Полска, Александар Стојаноски денеска полни 30 години.

Ракометарот од Полска кој игра за Мотор Запорожје, Матеус Кус, пак, ќе наполни 32 години.

Швајцарецот Јаник Зорген, кој ги брани боите на Вакер Тун, пак, ќе го прослави 23. роденден.

Црногорката, која е дел од Будуќност, Катарина Џаферовиќ денеска полни 17 години.

Швеѓанката од Савехоф, Вилма Крон е повозрасна. Таа ќе го прослави својот 21. роденден.

Среќен роденден Иван, Александар, Матеус, Јаник, Катарина и Вилма!