Среќен роденден Зоки!

Еден од ракометарите кои оставија голем белег во историјата на репрезентацијата на Македонија и на голем број од клубовите, Зоран Петковски денеска слави роденден и полни 51 година.

Петковски во моментов е тренер во Вардар во младинските екипи, а во кариерата бранеше за повеќе екипи од Македонија. Најголемите успеси ги имаше со Пелистер и со Вардар, а во репрезентацијата исто така остави голема трага бидејќи беше еден од играчите кои го почнаа пишувањето на историјата и беше дел од првите натпревари.

Петковски беше еден од играчите кои најдолго траеја на терените. Тој се повлече меѓу последните од онаа прва репрезентативна селекција на Македонија.

Денеска покрај Петковски роденден слават и Тим Сутон и Лариса Нусер.

Германецот Тим Сутон денеска полни 23 години, додека Холанѓанката Лариса Нузер, која игра за тимот на Копенхаген полни 19 години.

Среќен роденден Зоран, Тим и Лариса!