Среќен роденден Елена!

Една ракометарка која беше дел од шампионскиот состав на Кометал Ѓорче Петров во 2002 година денеска слави роденден. Елена Златановска тогаш беше дел од тимот, а настапуваше на крилните позиции. Главно ја користеа како десно крило, но со оглед на тоа што биеше со десна рака знаеше да одигра и на спротивната страна. Веќе неколку години е надвор од ракометот, а денеска полни 39 години.

Роденден има и Мери Арсениевска од Металург. Таа е ракометарката која се повреди на собир на репрезентацијата уште на почетокот на минатата сезона и потоа до крајот не играше. Таа го прославува својот 21. роденден.

И ракометарот на Висла Плоцк, Полјакот Доминик Мирзвицки е меѓу славениците. Се работи за еден од помладите играчи, кој ќе наполни 20 години.

Среќен роденден Елена, Мери и Доминик!