Среќен роденден Драгана!

Ракометарката која некогаш беше најомразениот лик кај фановите на Вардар, а во сезната 2017/2018 стана нивни херој, Драгана Цвијиќ денеска слави роденден. Репрезентативката на Србија во моментов настапува за тимот на ЦСМ Букурешт во Романија.

Цвијиќ денеска ќе го прослави својот 29. роденден.

Роденден денеска слави и ракометарката на Металург, Теодора Гулицовска. Таа денеска ќе наполни 22 години.

Уште една девојка се наоѓа на списокот на денешните славенички, а се работи за Швеѓанката Тилда Олсон. Ракометарката на Савехоф денеска ќе наполни 23 години.

Среќен роденден Драгана, Теодора и Тилда!