Среќен роденден Данило!

Денеска е време за прослава на нови родендени, а еден од славениците е и тренерот на екипата на Металург, Данило Брестовац.

Тренерот на „металурзите“ и селектор на кадетската и младинската репрезентација на Македонија полни 44 години. Тој својата тренерска кариера ја почна во редовите на Металург, а потоа работеше и во Шамбери и Диферданж. Во Франција беше асистент на Ивица Обрван, со кого беше и во сениорската репрезентација на Македонија. Првата самостојна тренерска задача ја имаше во Луксембург откаде што дојде во Македонија.

Минатото лето со јуниорите го освои првото место на Б-шампионатот во Скопје, а годинава ќе ги предводи кадетите на Мундијалот кој се одржува во Скопје.

Покрај Данило денеска родендени слават и Мариуш Јуркевичиус. Ракометарот од Полска игра за Келце, а полни 37 години.

Данецот Јепе Хар Анеберг, кој ги брани боите на Скјерн, пак, полни 21 година, додека Србинката Ивана Митровиќ ќе наполни 26 години.

Среќен роденден Данило, Мариуш, Јепе и Ивана!