На 12 февруари има поголем број на ракометари и ракометарки кои слават роденден, а повеќето од нив се од Македонија.
Актуелниот репрезентативец на Македонија и член на ЦСМ Букурешт, Гоце Георгиевски денеска ќе наполни 32 години.
Роденден слави и поранешната репрезентативка на Македонија и ракометарка која освојуваше титули со Кометал Ѓорче Петров и Металург, Наташа Младеновска. Таа полни 33 години
Уште еден поранешен репрезентативец на Македонија денеска има роденден, а се работи за Игор Павловски, кој полни 38 години.
Алексо Лембанов од Металург 2, пак, денеска го прославува 21 роденден.
Надвор од Македонија родендени имаат играчот на Барселона и репрезентативецот на Шпанија, Раул Ентрериос, кој ќе го прослави 38 роденден, како и Германката Јоеле Ноеми Арно, која го чува голот на Битигхајм. Таа денеска станува полнолетна.
Среќен роденден Наташа, Гоце, Игор, Алексо, Раул и Јоеле!