Среќен роденден Васка!

Ракометарката на Куманово, Васка Глигоријадис е на списокот на славеници на роденден на 20 јули. Се работи за млада ракометарка која денеска го прославува својот 20. роденден.

Пивотот кој минатата сезона ја помина во редовите на Металург, но веќе ја напушти Автокоманда, Адријан Миличевиќ е исто така на овој список. Тој денеска полни 21 година.

Шпанецот Гонзало Перез Арсе, кој е дел од Адемар исто како и Адријан денеска полни 21 година.

Ракометарот на Загреб, Хрватот Валентино Равниќ е на истиот список. Тој го прославува 24. роденден.

Интернационалецот од Србија во редовите на Веспрем, Александар Ѓурѓевиќ е меѓу помладите ракометари во овој тим. Денеска ќе наполни 22 години.

И Русинката Наталија Чигиринова која играше за Подравка ќе слави роденден, а полни 26 години.

Среќен роденден Васка, Адријан, Гонзало, Валентино, Александар и Наталија!