Среќен роденден Бојан!

Списокот на славеници има повеќе ракометари и ракометарки така што денеска ќе биде славенички ден.

Капитенот на Бутел Скопје, Бојан Спасовски денеска ќе го прослави својот 34. роденден.

Ракометарот од Прилеп кој повремено беше дел и од репрезентацијата на Македонија, Менде Петкоски исто така е на листата славеници на 13 август. Денеска ќе наполни 38 години.

И поранешната репрезентативка на Македонија и членка на Кометал Ѓорче Петров, Драгица Кресоја има роденден, а таа полни 33 години.

На списокот е и Рок Фелихо од Франција. Соиграчот на Лазаров го прославува својот 37. роденден.

Холанѓанката која во минатата сезона беше дел од Ростов Дон, Лоис Абинг, пак, го прославува 27. роденден.

Германката од Турингер, Ане Брајчух денеска ќе наполни 31 година.

Среќен роденден Бојан, Менде, Драгица, Рок, Лоис и Ане!