Среќен роденден Анжела!

На 11 февруари има неколку ракометари кои имаа роденден и за кои овој ден е посебен, а покрај нив тука е една ракометарка која може да се пофали дека има трофеј од Лигата на шампионите од 2002 година во дресот на Кометал Ѓорче Петров.

Анжела Платон денеска слави роденден и полни 46 години, а покрај неа има уште тројца други кои денеска исто така ќе имаат славје.

Иван Никчевиќ од Србија, кој го носи дресот на тимот на Спортинг од Лисабон денеска полни 38 години. Швеѓанецот Фредрик Петерсон полни 30 години, додека ракометарот на Чеховски медведи Данил Бочкарев денеска го слави својот 21 роденден.

Среќен роденден Анжела, Иван, Фредрик и Данил!