Среќен роденден Анастасија, Александар и Филип!

Денеска има неколку родендени кои ќе се слават на домашна ракометна сцена. Роденден слави поранешната ракометарка на вардарки, Анастасија Николовска. Таа минатата сезона ја мина во редовите на Пелистер и на Спартак, а денеска полни 21 година.

И близнаците кои играат за Пролет, Александар и Филип Василевски исто така имаат роденден. Тие ја продолжија верноста кон клубот, а полнат 26 години.

Меѓу славениците е и Мадс Ларсен од Данска, кој го носи дресот на Рајн Некар. Тој го прославува својот 28 роденден.

Среќен роденден Анастасија, Александар, Филип и Мадс!