Средба на две легенди: Лазаров се сретна со својот некогашен соиграч и вистинска ракометна легенда (ФОТО)

Во Келн пристигна и екипата на Нант заедно со македонската ракометна икона Кирил Лазаров. Лазаров го привлекува вниманието каде и да се појави а така беше и денеска во Келн.

Интересна средба се случи во фоајето на хотелот “Radisson Blu” каде се сретнаа две ракометни легенди. Едната се уште активна на ракометниот терен, а другата во една поинаква улога во редовите на Вардар. Станува збор за Кирил Лазаров кој со својот Нант пристигна во Келн да испише дополнителна ракометна историја зад своето име, и легендарниот српски голман Дејан Периќ кој во Келн се појавува како тренер на вардаровите голмани.

Лазаров и Периќ се големи пријатели и некогашни соиграчи во дресот на Веспрем, а настапот во Келн е вистинска можност да се евоцираат спомени.

Нант и Лазаров ќе го отворат полуфиналниот ден со дуелот против ПСЖ кој ќе се одигра во сабота (26 мај) со почеток од 15:15 часот.