Србија и Норвешка ја отвораат втората рунда на Европското првенство

Со одигрувањето на 3. коло во групите А и Б стана јасно како ќе изгледа групата 1, а распоредот не како што се очекуваше. Селекциите на Шведска и на Франција се лидери на табелата со по четири бода со оглед на тоа што се изборија за најдобри резултати во првата фаза така што ќе имаат повеќе шанси од другите за да останат на врвот.

Швеѓаните со совладувањето на Хрватска се најдоа во одлична ситуација бидејќи добија можност да тргнат во втората рунда со четири бода и на тој начин да се обидат да стигнат до полуфинале.

Многу работи можат да се менуваат во текот на оваа втора рунда, а таа ќе се игра до следната среда кога ќе стане јасно кои две селекции ќе се најдат во полуфиналето.

Инаку, први на терен излагат селекциите на Србија и на Норвешка, а в четврток ќе играат и составите на Белорусија и на Хрватска со што ќе биде отворена втората рунда на шампионатот.

ГРУПА 1

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

ЧЕТВРТОК, 18 ЈАНУАРИ

18:15ч – Србија – Норвешка

20:30ч – Белорусија – Хрватска

САБОТА, 20 ЈАНУАРИ

18:15ч – Шведска – Франција

20:30ч – Хрватска – Норвешка

ПОНЕДЕЛНИК, 22 ЈАНУАРИ

18:15ч – Србија – Франција

20:30ч – Шведска – Белорусија

СРЕДА, 24 ЈАНУАРИ

16:00ч – Србија – Белорусија

18:15ч – Шведска – Норвешка

20:30ч – Хрватска – Франција

ТАБЕЛА: 1. Шведска 4 бода (65:56); 2. Франција 4 (64:56); 3. Хрватска 2 (63:57), 4. Норвешка 2 (64:60); 5. Белорусија 0 (53:65); 6. Србија 0 (47:62).